Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патека која не е дел од официјалната патека за одржување на велосипедската трка во рамки на ЕМОФ, се наведува во официјалното соопштение на Организацискиот комитет на ЕМОФ Скопје 2025 во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули, во која беа повредени двајца млади исландски велосипедисти -Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во близина на селото Зубовце, ја информираме јавноста дека двајца малолетни велосипедисти од репрезентацијата на Исланд, учесници на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), се здобија со телесни повреди.
Кумановец со „фолксваген пасат“ удрил во двајца малолетни велосипедисти додека се подготвувале за денешната велосипедска трка која се одржува во рамкиите на европските младински олимписки игри – информираше денеска СВР Куманово.
Кумановец со „фолксваген пасат“ удрил во двaјца малолетни велосипедисти кои се подготвувале за денешната велосипедска трка која се одржува во рамките на европските младински олимписки игри, информираше денеска СВР Куманово.