Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска оцени дека кривичната пријава поднесена од СВР Куманово против него и двајца вработени во општината е правно неоснован и политички мотивиран напад, оркестриран од, како што рече, оние кои се во паника пред претстојните локални избори.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.