Припадници на МВР и на специјалната единица на Армијата „Волци“, од разно изутрината ја продолжија потрагата по 16-годишното девојче кое вчера исчезна во реката Вардар во близина на село Уланци, општина Градско, соопшти Центарот за управување со кризи. Civilmedia
ЦУК вчера попладне добил пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во Вардар.
Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот – сестра на 16-годишното девојче – која, во видно вознемирена состојба, побарала итна помош. Denesen
Со зголемен број екипи од повеќе институции рано утрово продолжила потрагата по 16-годишното девојче што вчера попладне исчезна во водите на реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско.
На местото, како што информираа од Центарот за управување со кризи, се ангажирани тимови на Министерството за внатрешни работи (МВР), Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ) и припадници на велешката полиција. 360stepeni
На терен има и тим од ДЗС.
Полицијата во текот на вчерашниот ден информираше дека кај нив било пријавено дека две лица, на возраст од 16 и 26 години, паднале во водите на реката. Telma