1 (31) ■ вести > свет ■ 26-Jul 11:34 -> 27-Jul 23:38
.
.
.
.

Фон дер Лајен: Со САД постигнавме договор што обезбедува стабилност и предвидливост за двете страни на Атлантикот

  • Трамп: САД и ЕУ постигнаа историски трговски договор

  • Фон дер Лајен на средба со Трамп во обид за договор околу царините

  • Трамп со порака до Европјаните од Шкотска: Имиграцијата ве убива!

Договорот што го постигнавме со САД создава сигурност во овие неизвесни времиња и обезбедува стабилност и предвидливост за граѓаните и бизнисите од двете страни на Атлантикот, изјави вечерва претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во шкотското место Трнбери, на која беше постигнат трговски договор со што се избегнува воведување на царини од 30 отсто за европскиот извор во САД.

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа трговски договор, соопшти попладнево американскиот претседател Доналд Трамп.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен попладнево во шкотското место Трнбери ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, во обид да биде постигнат трговски договор во пресрет на истекот на крајниот рок – 1 август за воведување на царини од 30 отсто за извозот на европски производи во САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп e во Шкотска во рамки на четиридневна посета која вклучува и средби на високo ниво.

6 (9) ■ вести > македонија > хроника ■ 27-Jul 16:41 -> 27-Jul 18:11
.
.
.
.

УЖАС ВО ГОСТИВАРСКО Две жени силувале 3-годишно момче и 10-годишно девојче, а мајката на децата ги снимала

  • Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од Гостиварско за која постои основано сомнение дека спрема нејзините две деца – девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година, сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека спрема нејзините две деца – девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година, сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

8 (13) ■ вести > македонија ■ 27-Jul 12:24 -> 27-Jul 19:56
.
.
.
.

Дождот го заобиколил кривопаланечко Нерав, горат сто хектари борова шума

  • Голем шумски пожар кај Крива Паланка – зафатени над 50 хектари борова шума, огнот се шири кон Србија

Пожарот во кривопаланечкото село Нерав сѐуште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка и Ранковце, припадници на МВР, на ЈП “Македонски шуми”- подрачно шумско стопанство Осогово, помагаат и мештаните, се на помош ќе пристигнат и припадници на АРМ, информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски.

Пожар со големи размери беснее во атарот на село Нерав, Крива Паланка, зафаќајќи над 50 хектари борова шума и проширувајќи се кон територијата на општина Ранковце (село Герман), како и кон општина Трговиште во Република Србија.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија