Вчера во 17.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат с.Зелениково-с. Страхојадица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од с.Дејковец, скопско и четирицикл управуван од С.М.(28) од с.Стахојадица, општина Зелениково.
Двеиполгодишно дете и 28-годишен маж се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на локалниот пат меѓу селата Зелениково и Страхојадица, информираше Министерството за внатрешни работи.