Осум лица од Турција се степале на скопскиот аеродром.
Вчера во 18.19 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ги лишија од слобода Ј.А.(36), Д.Ј.Е.(27), Д.С.(36), Д.Х.А(44), Д.Б.(37), Д.Х.(40), Д.А.(66) и Д.М.(62), сите од Република Турција, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, информираа од полицијата.