Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат од утринава вршат инспекциски надзор во болницата Козле и Детската клиника во Скопје, откако завчера почина 14 месечно дете, а претходно неговите родители барале да биде хоспитализирано, но не е примено на Детската клиника во Скопје, потврди денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, кој по одбележување на Денот на органодарителството одговараше на новинарски прашања. Libertas
Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат од утринава вршат инспекциски надзор во болницата Козле и Детската клиника во Скопје, откако завчера почина 14 месечно дете, а претходно неговите родители барале да биде хоспитализирано, но не е примено на Детската клиника во Скопје, потврди денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, кој по одбележување на Денот на органодарителството одговараше на новинарски прашања.
Министерот за здравство, Таравари истакна дека утринава имал состанок со директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. A1on
Комисијата веќе е формирана и се наоѓа на работа, на терен за да ги испита сите факти и аргументи, изјави Таравари.
Тој потврди дека инспекторите на ДЗСИ и на Комисијата која е формирана од негова страна веќе од 9 часот се во двете болници во Скопје. Denesen
Бебето кое вчера почина на Детската клиника во Скопје претходно било одбиено за сместување на клиниката, потврди министерот за здравство Таравари. Telma
Треба утре во Министерството заедно со ДСЗИ да формираме Комисија и веднаш да постапат, да ги земат сите детали предвид и на крај да се донесе одлука и да се предадат на судските органи за да се донесе конечно решение како треба да се постапи, рече министерот.
Обдукцијата на телото на бебето е завршена. A1on
Стручната истрага продолжува сѐ до расветлување на случајот, се наведува во соопштението, објавено на веб-страницата на Детската клиника.
Министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиуми попладнево рече дека утринава имал состанок со директорот на ДСЗИ и дека инспектори вршат инспекциски надзор на Детската клиника и на Клиниката за респираторни заболувања кај деца „Козле“. Libertas
На терен се инспектори и членови на Комисијата за да се испитаат сите факти околу смртта на 14 месечното дете. Kanal5