Срамни се постапките на началникот на ОВР – Кочани кој ја злоупотребувал службената легитимација за бесплатно да преминува патарини, оцени денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во одговор на новинарско прашање, Тошковски истакна дека периодов ќе следат уште кривични пријави за злоупотреби во рамки на институциите. Novamakedonija