Новата Платформа за соработка на Црвениот крст на РСМ со властите во државата беше промовирана вчера (6 ноември, петок) на свечен настан во хотел „Стоун Бриџ“ во Скопје.
Настанот се одржа под покровителство на Министерот за внатрешни работи на Владата, Панче Тошковски кој во воведното обраќање го апострофираше значењето на организацијата на Црвениот крст како вршител на помошната улога на властите во државата особено при итни состојби и катастрофи. Radiomof
Настанот се одржа под покровителство на Министерот за внатрешни работи на Владата, Панче Тошковски кој во воведното обраќање го апострофираше значењето на организацијата на Црвениот крст како вршител на помошната улога на властите во државата особено при итни состојби и катастрофи.
За значењето на партнерската соработка со властите и Платформата на Црвениот крст на РСМ воведно обраќање имаше д-р Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст на РСМ кој нагласи неколку можни области на соработка на Црвениот крст со властите во државата како сфери во кои Црвениот крст има компаративни предности и компетенции да даде своја додадена вредност на севкупните напори на државата во обезбедување на ефикасен одговор при кризни состојби и катастрофи. Radiomof
Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, генерал д-р Павле Арсоски, присуствувал на конференција на тема „Зајакнување на помошната улога на Црвениот крст кон властите во кризниот менаџмент“, во организација на Црвен Крст на Република Северна Македонија, а под покровителство на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, соопшти собраниската прес-служба.
На конференцијата биле споделени искуства на полето на кризниот менаџмет и иницијативи за подобрување на ефикасноста на институциите за одговор при итни состојба. Biznisvesti