Првопријавениот во својство на службено лице во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Решение несовесно постапувал при вршење на своите овластувања, на начин што во текот на 2021 и 2022 година не изготвил записник за одземање на владението на правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје иако на 07.10.2021 година уредно му била доставена Изјава за раскинување на договорот за закуп на правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје бр. 39-7689/1 од 28.09.2021 година, спротивно на член 37 од Законот за земјоделско земјиште, дополнително првопријавениот несовесно постапувал во вршењето на своите овластувања и должности и како службено лице во Подрачна единица при МЗШВ во период од 16.09.2020 година до 15.04.2022 година на начин што не ја доставил Изјавата за еднострано раскинување до надлежните служби на МЗШВ – Гази Баба за истата да биде евидентирана во ФАРМ системот и правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје да биде избришан од Единствениот регистар на земјоделски стопанства, со што првопријавениот му овозможил на ДЗС Илинден АД Скопје да прибави корист за себе и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година во вкупен износ од 15.052.001,00 денари. Telma