Ова признание доаѓа по целосната реализација на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ кој општина Гази Баба успешно го реализираше заедно со Детската фондација Песталоци и Здружението „Отворете ги прозорците“.
За добиеното признание, информираше градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски со објава на социјалните мрежи во која напиша: Ова признание доаѓа како резултат на посветена работа и реализација на проекти, програми и активности со цел целосна инклузија на децата со посебни образовни потреби. Press24