Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 15.12.2024 до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против четири лица: Г.М. (21) од Гостивар за кривично дело „терористичка организација“ ( член 394 а став 1) и против Х.Б. (32) од Струга, Р.С. (38) од Гостивар и Т.М. (27) од Гостивар за сторено кривично дело „терористичка организација“ (член 394 а став 2) од КЗ. Имено, Г.М. на почетокот на 2024 година создал терористичка организација во која членуваат Х.Б., Р.С. и Т.М., како и уште неколку засега непознати лица, па сите заедно формирале терористичка организација- „ќелија“ со основи на идеолошката матрица на познатата терористичка организација ИСИС, со намера за изведување на терористички акт на цивилни или таканаречени меки цели, односно јавни објекти на територија на Република Северна Македонија.
СКОПЈЕ – Дваесет и едногодишен жител на Гостивар е основачот и лидер на терористичката ќелија која викендов беше разбиена од МВР.