Американските власти се загрижени за потенцијално застрашувачкото сценарио во Сирија – масовно пробивање од затвор од страна на терористите.
Секторот за борба против тероризам поднесе кривична пријава против четири лица до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 15.12.2024 до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против четири лица: Г.М. (21) од Гостивар за кривично дело „терористичка организација“ ( член 394 а став 1) и против Х.Б. (32) од Струга, Р.С. (38) од Гостивар и Т.М. (27) од Гостивар за сторено кривично дело „терористичка организација“ (член 394 а став 2) од КЗ. -Имено, Г.М. на почетокот на 2024 година создал терористичка организација во која членуваат Х.Б., Р.С. и Т.М., како и уште неколку засега непознати лица, па сите заедно формирале терористичка организација- „ќелија“ со основи на идеолошката матрица на познатата терористичка организација ИСИС, со намера за изведување на терористички акт на цивилни или таканаречени меки цели, односно јавни објекти на територија на Македонија.