Имаме комуникација и одлична соработка со министерствата за внатрешни работи од соседните земји, но официјална потврда за бегалци од правдата не е стигната до МВР од ниедна соседна земја, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со недостапноста на Артан Груби и Перпарим Бајрами за органите на прогонот за случајот со криминал во Државна лотарија. Novamakedonija
До овој момент ниту една соседна држава не доставила потврда до македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) околу можниот престој на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Ова вечерва го изјави првиот човек на МВР, Панче Тошковски, во интервју за ТВ Телма, додавајќи дека македонското МВР има комуникација и одлична соработка со министерствата за внатрешни работи од земјите во соседството, но дека засега од ниту една нема добиено соодветна потврда околу престојот на Груби. 360stepeni