Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја одби жалбата на одбраната на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и го потврди решението на судијата на претходна постапка со кое му беше определен 30-дневен притвор. A1on
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на Артан Груби недостапен за органите на прогон, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор од 30 дена – информираат од Судот.
На 17 декември Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на поранешниот прв вицепемиер Артан Груби и на поранешниот директор на Државна лотарија, Прпарим Бајрами, кои се недостапни за органите на прогон. Novamakedonija