Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР, како што информираат од ЈОРСМ, доставиле и наредба за распишување на национална потерница и изјава за распишување на меѓународна потерница по осомниченото лице.
Од Обвинителство, посочуваат дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска го примило Решението на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, со кое предлогот за определување мерки за претпазливост против осомничен во предметот „Адитив“ се отфрла, наведувајќи дека осомничениот не е достапен на органите на прогонот. Plusinfo
Согласно своите законски надлежности, јавните обвинители кои постапуваат во предметот до судијата на претходна постапка веднаш доставија Жалба по однос на донесеното Решение за отфрлање, како и Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот која мерка ќе биде активна по неговото пронаоѓање.
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена, стои во соопштението од ЈОРСМ. Nezavisen
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и определи мерка притвор во траење од осум дена за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра. Libertas
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, со кое предлогот за определување мерки за претпазливост против осомничен во предметот „Адитив“ се отфрла.
Според обвинителството, осомничениот не е достапен на органите на прогонот. Faktor
Се сомнева дека тие сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет, стопанството, службената должност и правниот сообраќај.
Васко Ковачевски е еден од осомничените во овој предмет, а потерницата е издадена откако тој не беше пронајден од страна на органите на истрагата. Press24
Ковачевски од судот доби 8-дневен притвор, определен во отсуство.
Ковачевски е поранешен директор на ЕСМ опфатен со истрагата за злоупотребите со набавка на адитиви за термоцентралите РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Telma