Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 14-члена организирана криминална група составена од лица од Скопје.
На 18 и 19.01.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 14-члена организирана криминална група составена од лица од Скопје. Kanal5
Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група преку нејзините припадници вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците.
При реализацијата, постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија на претходна постапка, извршени се претреси кај 16 лица, на вкупно 21 локациja на подрачје на Скопје и Гевгелија. Mk