Plusinfo
Извршени се 23 наредби за претреси на лица и дом и притоа се обезбедени материјални докази, информираат од ОЈО „При претресите се пронајдени и одземени парични средства во износ од околу 500 000 евра, 25 000 американски долари, 500 швајцарски франци, 1800 израелски шекели, 500 хрватски круни, 10 000 албански леки, 1000 шведски круни и 25 000 рубљи.
Воедно се пронајдени топли ваљаци, преси, ЦНЦ машина за изработка на калапи и жигови со кои се изработувале фалсификуваните пари, копии од делови од банкноти, пиштол, куршуми, кесиња со прашкаста бела и кафеава материја, телефонски апарати, сим картички, УСБ, детектор за фалсификувани банкноти, холограми, бројачи на пари, други предмети за фалсификување пари и лаптопи кои ќе бидат предмет на вештачење. Plusinfo