Покрај со Кос, Муртезани ќе се сретне и со претседателот на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ), Оливер Ропке, со генералниот директор на Генерален директорат за проширување и источно соседство (ДГ ЕНЕСТ), Герт Јан Копман, како и со членови на Работната група за проширување и земји кои преговараат за пристапување во ЕУ. Вчера, на првиот ден од работната посета на Брисел, Муртезани имаше средба со извршниот директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Мати Масикас, на која стана збор за актуелните предизвици во регионот и поширокото опкружување, за зајакнувањето на институционалната соработка и за спроведувањето на европската агенда од страна на земјава. Press24