Судиите Данка Ристова, Антоанета Димовска и Татјана Чачарова Илиевска се тројцата членови на Комисијата што е формирана од страна на Судскиот совет, а која во рамки на своите надлежности треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката Даниела Алексовска-Стојановска од Основниот Кривичен суд Скопје која за Васил Јованов, пресудила воспитно поправна мерка – упатување во поправен дом за малолетници за поседување и продажба на наркотички средства. A1on
Пресудата за кривичното дело на Васил Јованов, момчето кое ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, сѐ уште не е правосилна.
Апелациониот суд уште не се има произнесено по жалбата, а јавноста активно го следи случајот, особено поради важноста на пресудата и одлуката за изрекување на мерката за воспитување на малолетникот. Mk