Над педесет семејства се завиени во црно откако ги изгубија своите најблиски во огнената стихија во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а уште над 150 се во исчекување за судбината на повредените, од кои некои и со тешки изгореници, и кои се сместени во болниците во државата.
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите по пожарот во Кочани изјави дека според првичните сознанија најверојатно пиротехничките средства го предизвикале пожарот во дискотеката во Кочани, но нагласи дека не може ништо повеќе да каже бидејќи се врши увид на лице место.