Подготвеноста на Грција да обезбеди секаква неопходна помош, вклучително и спасувачки тимови и медицинска помош, изразил министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во телефонскиот разговор со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, јави дописничката на МИА од Атина.
Сочувство за загубените животи и подготвеноста на Грција да помогне по трагедијата во Кочани, изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку платформата Икс, јави дописничката на МИА од Атина.