Во Солун, во болницата Папаниколау и во воената болница, хоспитализирани се вкупно пет лица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, а од нив двајца се веќе оперирани, додека пак на други двајца им била извршена трахеотомија, според информациите на дописничката на МИА од Атина.
Во болницата Папаниколау во Солун и во воените болници во Атина и Солун, ќе бидат хоспитализирани 18 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, брифираа грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.
Со амбулантни возила, три млади лица со изгореници здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани попладнево биле пренесени и пристигнале во Солун, каде што ќе бидат хоспитализирани во болницата Папаниколау, јави дописничката на МИА од Атина.