Распишана централна потерница за четири лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, до моментов загинати 59 лица, 155 повредени.
Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, а во која, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип.