За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани се 16 лица.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани.
Пиротехничките средства или прскалки во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја донел бендот „ДНК“, но лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато, рече министерот министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната прес конференција.
Пиротехниката во дискотеката Пулс во Кочани, која доведе до трагичниот пожар, била донесена од страна на бендот ДНК, потврди министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по разговор со еден од членовите.