Тројцата повредени, кои во текот на ноќта од Скопје со авион C-27 на грчкото воздухопловство беа префрлени во Атина и хоспитализирани во Општата воена болница 401, според информациите на дописничката на МИА од Атина, се во релативно добра состојба. Kanal5
На ист начин синоќа беа пренесени три лица, кои се во Општата воената болница 401 и како што претходно објави МИА се во релативно добра состојба, а станува збор за млади лица на возраст од 22 до 24 години, кои во пожарот се здобиле со изгореници.
Со четворицата повредени кои во Атина ќе пристигнат во текот на ноќта, вкупниот број на хоспитализирани во Грција ќе биде 12, петмина во Солун (тројца во болницата Папаниколау, двајца во воената болница 424) и седуммина во воени болници во Атина. A1on