„Согласно правилникот за исполнување на минимално-техничките услови за вршење на угостителска дејност, во член 9 е утврдено дека објектите е неопходно да ги исполнуваат условите односно со барањето за донесување решение за издавање лиценца за кабаре да достават решение од Централен регистар, уплатен надоместок до општината Кочани, пријавата за исполнување на минимално-техничките услови за вршење на дејсност доставена до ДПИ и до општината Кочани, како и согласност од МВР дека се исполнети условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедност во сообраќајот“, рече потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми Тој додаде дека Министерството за економија, токму поради фактот дека не биле исполнети условите за издавање лиценца и не била доставена потребната документација, не ја издало лиценцата Потпретседателот на опозициската ДУИ, Арбр Адеми, денеска на прес-конференција ги нарече целосна конструкција тврдењата дека некој од Министерството за економија издал лажна лиценца за дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбр Адеми денеска соопшти дека во текот на следните денови ќе излезат со целосна документација и докази за тоа кој, како и на кој начин дозволил да се случи грозоморната трагедија во Кочани.