Во Солун, во болницата Папаниколау и во воената болница, хоспитализирани се вкупно пет лица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, а од нив двајца се веќе оперирани, додека пак на други двајца им била извршена трахеотомија, според информациите на дописничката на МИА од Атина.
Три млади деца со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, потврди во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос.
Националниот центар за брза помош е во целосна оперативна готовност за транспорт и лекување на повредени со изгореници по барање на Северна Македонија, напиша на платформата Икс, министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис и посочи дека четири болници во Атина и Солун се во состојба на зголемена готовност, јави дописничката на МИА од Атина.