Бројката на хоспитализирани лица со изгореници од пожарот во дискотеката во Кочани надминува 160 - 170 заедно, од кои над 70 пациенти се успешно транспортирани во странство.
Заради исполнетост на болничките капацитети во соседните држави, од денеска пациенти ќе се испраќаат и во Италија, Холандија и Белгија, а освен лекарите од Чешка и од Израел кои уште од вчера им помагаат на нашите здравствени работници, денеска ќе допатува и медицински тим од Британија за да помогне во подготвување на следната фаза - рехабилитација на повредените, изјави утринава директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кој ја посети ГОБ „8 Септември“.