Уште осум повредени треба да бидат пренесени во Хрватска и во Романија, информира директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Клековски синоќа информира дека во Клинички центар се хоспитализирани 20 повредени, во ГОБ 8 септември – 20, во „Свети Наум Охридски“ – 21,во Клиничка болница Штип – 20, Општата болница во Кочани седум и на Токсикологија – двајца. Fokus
Во странство се прифатени 44 повредени и тоа Србија 17, Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4. Бројките се менуваат поради пренесување на повредените во други болници.
Пристигнатите во странство се стабилни. Kanal5
Над 140 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени во текот на вчерашниот ден, 90 се наоѓаат во болниците во земјава, а 44 се прифатени во болници во странство. Press24