Тие мора да бидат прегледани од специјалисти, бидејќи од тоа зависи нивниот живот, истакна Греча.
Во пожарот што избувна на 30 октомври 2015 година во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт загинаа 64 лица – 27 во ноќта на трагедијата, а останатите починаа во следните недели или месеци во болници во Букурешт и во странство. A1on
Тој се наоѓал во клубот за да го снима концертот на своите пријатели од групата „Goodbye to Gravity“.
По пожарот, Михај Греча бил речиси еден месец во кома во болницата „Флореаска“ во Букурешт. A1on
Непосредно по пожарот, властите тврдеа дека Романија има сè што е потребно и не сакаа да ги испраќаат повредените во подобро опремени болници во странство, потсетува медиумот.
Повеќе од една недела по пожарот во „Колектив“, првите повредени беа префрлени во клиники во Холандија, Белгија, Израел, Австрија, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство. A1on
Преживеани од пожарот во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт во 2015 година понудија помош и поддршка на повредените и нивните блиски по смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Северна Македонија, што се случи викендов, пренесува романската редакција на Радио Слободна Европа. Libertas