Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите. Mk
Републичкиот Црвен крст соопшти дека досега се собрани околу 42,7 милиони денари хуманитарна помош за настраданите во пожарот во Кочани и нивните семејства и оти продолжуваат и понатаму со сите механизми за прибирање хуманитарна помош. Kanal5
Средствата се наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани.
Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства, наведуваат од Црвен крст. Press24