Воено-здравствениот систем и ВМА се достапни за евентуално дополнително сместување повредени во пожарот во Кочани доколку има потреба.
„И за оваа задача што ја извршивме, сите мои колеги доброволно се пријавија, доброволно учествуваа во транспортот, кој е еден од комплицираните облици на транспортирање такви пациенти, па доколку има потреба – стоиме на располагање и тука сме повторно да им помогнеме на народот во Македонија“, изјави за РТС потполковник Горан Рондовиќ, анестезиолог од Клиниката за анестезија и интензивна нега на ВМА.