Дали тоа некој го правел намерно, за да може ваков систем да царува во државата или е случајно, денес веќе е неважно, важно е како ние ќе се организираме во иднина и мислам дека инспекторатите мора да зајакнат, да се зголеми бројот на вработени, пред се инспектори, не административци, како би можеле да ја покриваат целата територија.
На пример, Државниот пазарен инспекторат има вкупно 40 вработени инспектори за цела Македонија, што значи огромен недостиг на кадар за покривање на сите ингеренции и контрола на сите зададени надлежности “, истакна вицепремиерот Николоски. Netpress
Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по десетина инспектори за делување на територијата на целата држава, потенцираше во вчерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Radiomof
Ова денеска го изјави министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски, по извршените контроли во градежниот сектор.
Како клучни причини за одземањето на лиценците, Николоски ги наведе недостатокот на стручен кадар, како и одредени типови на градежни машини. Plusinfo
Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над три илјади и до денес прегледавме 2.810 лиценци и бројката на одземени лиценци е веќе 427, објави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Kajgana
Одземавме 427 лиценци во делот на градба, проектирање и надзор од досега прегледаните 2810 лиценци во Министерството.
Најголема е бројката за Изведувачи на градба од Б категорија и во тој дел одземени се вкупно 198 лиценци, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во Дневикот на ТВ Сител. Faktor
Забележавме дека исто лице фигурира на пет-шест различни фирми или пак се прави договор само за да се добие лиценцата, а веднаш потоа тој вработен се одјавува.
Ова е класично изигрување на системот. Faktor
Министерот Николоски информира дека во делот на градежништвото ќе бидат околу 430 лиценци, а ќе бидат испратени дописи и до сите засегнати страни кои работат со овие субјекти за да знаат дека тие веќе немаат лиценци.
Меѓу другото информира дека се прават контроли и во делот на патниот сектор – превоз на патници, автобуси, комбиња и итн, исто така превоз на стоки и внатрешно и меѓународно во делот на камиони. Skopjeinfo
Има огромна потреба од кадровско пополнување и зајакнување на инспекциските служби при државните институции, бидејќи одредени инспекторати располагаат со само десетина инспектори за дејствување на целата територија на државата. Biznisvesti
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски утрово на прес конференција порача дека ќе се прави контрола на сите издадени лиценци без разлика на што се однесуваат. Mk