Ќе бидат прифатени прво во трите болници во Скопје, од кај што се испратени и по тријажата која ќе им биде направена ќе биде утврдено дали ќе бидат задржани или уште веднаш ќе може да се пуштат на домашно лекување, рече Таравари.
Од пациентите кои се во критична состојба, Таравари посочи дека двајца се лекуваат во Љубљана и четири пациенти во Воено-медицинската академија во Белград. A1on
Таравари рече дека за наредните денови се планираат нови исписи, за што ќе се известува јавноста.
Во странските клиники се лекуваат 115 пациенти. Libertas