Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција на која информираше за тековните активности и мерки преземени од Министерството во врска со згрижувањето и поддршката на македонските граѓани повредени во пожарот во Кочани, кои во моментов се хоспитализирани во 14 европски држави. Mk
Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денес ќе се одржи координативен состанок за наредните чекори и мерки за соодветна организација за очекуваното враќање на сите излекувани пациенти или за продолжување на нивната терапија во земјата.
„Најавите што ги имаме се дека во тек на следната недела ќе почнат да се враќаат првите пациенти, тие најави ги добиваме во директна комуникација каде што се сместени и кои ќе бидат во доволно добра здравствена состојба за да може да се враќаат назад”, рече Муцунски на прес-конференцијата. Skopjeinfo
Прво ќе се враќаат оние кои се во добра здравствена состојба, изјави Муцунски.
Тој најави дека во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи координативен состанок за следните чекори и мерки за организација на очекуваното враќање на сите оздравени пациенти или за продолжување на нивното лекување во земјата. Libertas
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција, на која ги информираше медиумите за активностите и мерките што Министерството ги презело во врска со згрижувањето на македонските граѓани повредени во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Plusinfo
Во Србија се лекуваат 31 пациент, во Бугарија 15, во Турција и Грција по 12, во Шпанија 7, во Австрија и Унгарија по 6, во Хрватска 5, а по 4 пациенти се згрижени во Белгија, Литванија, Италија, Словенија и Шведска.
Во Полска се лекуваат 2 пациенти. 360stepeni
Идната недела ќе почне враќање во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во пожарот во Кочани, соопшти министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Libertas