Црвениот крст информира дека вкупно 58 семејства на починати лица, вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош, како и 99 семејства на повредените кои се хоспитализирани во болниците надвор од државава, досега се опфатени со исплатата на собраните средства за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани. Telma
Црвениот крст денеска изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани. Skopjeinfo
Извршена е исплата на средствата во висина од 150 илјади денари на семејствата на починатите и повредените лица што се лекуваат во странство од трагедијата во Кочани, денеска од републичкиот Црвен крст. 360stepeni
Во Штип и Скопје биле доствени по 200 комплети постелнина.
Возилата на Црвениот крст беа ставени во функција за транспорт на повредените лица од Кочани до Скопје. Skopjeinfo
За два до три дена, семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека ќе добијат по 150 илјади денари, информираат од Црвениот крст на Македонија. Telma
Особена поддршка е понудена од Црвениот крст на Србија, Бугарија, Словенија, Грција и од Хрватска.
Црвениот крст учествуваше и во организацијата на погребот на починатите, а останува посветен и во делот на давањето психолошка поддршка. Kajgana