Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на прес-конференција истакна дека активно се работи на процесот на репатријација на македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Министерството за здравство и СОЗР активно работат на реализација на процесот на репатријација на македонските пациенти кои успешно го завршуваат болничкото лекување во странство – рече Муцунски, додавајќи дека Министерството за здравство како надлежна институција изготвило детален медицински протокол со цел процесот да се спроведе навремено, безбедно и во најдобар интерес на пациентите и нивните семејства. Plusinfo
Тој повтори дека вчера беше успешно реализирано враќањето на еден пациент од Србија, по што денеска се очекува пристигнување на уште еден пациент од Грција и четворица пациенти од Мадрид, додека во наредните денови се очекува враќање на уште неколку пациенти од Белгија, Австрија, Хрватска и Србија.
Во наредниот период, посочи, фокусот ќе биде насочен кон безбедно враќање на пациентите, како и успешно завршување на лекувањето на оние кои се уште се останати во странство. Novamakedonija