Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно, бараме одговорност, безбедност и транспарентност и затоа протестираме, изјави Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е следен?“. Опозициската СДСМ вчера порача дека селективност не смее да има, и повика да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани, додека од ДУИ претходно излегоа со порака дека молкот за трагедијата во Кочани заврши, сега мора да се зборува, обвинувајќи дека власта без да ги почека фактите, ја активираше машинеријата за префрлање вина. Denesen