„Се случува ренесансен период во општина Бутел, благодарение на Владата и премиерот, кои увидоа дека директната помош која ја даваат на општините ќе направи буквална разлика од се што било досега“, истакна градоначалникот Костоски, кој најави дека Општина Бутел досега поднела 14 апликативни формулари на вториот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти.
Поддршката на општина Бутел, но и на сите останати во земјава, ќе продолжи со зголемен интензитет, најавија министрите Перински, Николоски и премиерот Мицкоски. Netpress