„Од досегашните контроли на над 3 100 лиценци се констатира дека кај 479, по нивното издавање, правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои ги добиле лиценците и поради тоа се ќе се донесат решенија за нивно одземање.“ Ќе биде одземена лиценца А за изведувач на градби од прва категорија на 73 компании, лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија на 228 компании, лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија на 9 компании, лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија на 32 компании, лиценца А за проектирање на градби од прва категорија на 32 компании, лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија на 78 компании, лиценца Б за ревизија на проектна документација на градби од втора категорија на 7 компании, лиценца А ревизија на проектна документација на градби од прва категорија на 3 компании, лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија на 2 компании, лиценца управител на градба на 2 компании, како и лиценца за изработка на урбанистички планови на 13 компании, соопштува Министерството. Biznisvesti