по налог на Основното јавно обвинителство, спровело акција за апсење на овие седуммина полицајци, кои се осомничени дека се поврзани со трагедијата во Кочани и кои се сомничат за несовесно работење и за злоупотреби.
Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите објавени во дел од медиумите дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со неговата вчерашна изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници.
Уште седум полициски службеници ќе бидат приведени во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Тимот на јавни обвинители којшто ја води истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ги прибавил сите издадени лиценци за работа на објектот од 2012 година сѐ до денот на кривично-правниот настан и според увидот во предметите немало ниту една со целосна документација, посочи вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.