Гори градската депонија во Демир Хисар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи Демир Хисар (РЦУК). Во соопштението се наведува дека на терен интервенираат четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица Демир Хисар со две противпожарни возила, Јавното комунално претпријатие Комуналец Демир Хисар со пет работници и една градежна машина. Plusinfo