Во тек е прибирање на сите потребни податоци и контакти од оштетените и семејствата на настраданите, како и информации за нивните полномошници.
Во зависност од здравствената состојба на повредените и другите околности, обвинителството ќе ги извести сите засегнати навремено за нивното учество во постапката, стои во соопштението. Nezavisen
Испитувањето на оштетените лица во истрагата за трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани е планирано да започне на почетокот на мај, соопшти Јавното обвинителство. Faktor
Процесот на испитување на оштетените од пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани и семејствата на настраданите, како и за нивните полномошници во постапката се очекува да започне на почетокот на мај, информираат од Јавното обвинителство на Северна Македонија (ЈОРСМ). Од Обвинителството најавуваат дека ќе достават дополнително известување во врска со точниот распоред и динамика на испитувањата, имајќи предвид дека станува збор за голем број на оштетени и засегнати лица кои ќе треба да бидат испитани. 360stepeni