Членството во Франкофонијата го гледаме како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство, но и на сите вредности на современото македонско општество – мирот, демократијата, толеранцијата и солидарноста, додаде тој, нагласувајќи дека францускиот јазик е дел од нашата историја, но исто така и нераскинлив дел од нашата европска иднина.