Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, осомничен во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, и ја преиначи одлуката на Кривичниот суд така што мерката „притвор“ се укинува со прифаќање на гаранција со ставање хипотека на имот во износ од 986 илјади евра и готовина во износ од 1,17 милиони евра, а истовремено му се определуваат мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и јавување во судот. Denesen
Со гаранција од два милиони евра, сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, сепак излегува од притвор.. Kanal5
Станот на Партизанаска во Скопје е во сопственост на Би холдинг-, а оваа фирма на сопругата на Јахоски, преку адреса на Партизанска, до центарот Лептокарија, директно е поврзана со Куштрим Смајлај, зетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
КОД кој беше емитуван на Телма и доби награда за истражувачко новинарство на ЕУ, преклани откри дека фирмата КСА на зетот на Ахмети и Би Холдинг на Јахоски имаат иста адреса. Denesen