Јавните обвинители кои работат на истрагата за пожарот во Кочани, во моментов сослушуваат сведоци и оштетени лица кои знаат нешто за настанот, во меѓувреме, исто така, се координираат со вешти лица во однос на истрагата, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред почетокот на седницата на Советот за јавни обвинители. Netpress
Коцевски, исто така, укажа дека на веб страницата на Обвинителството сите можат да споделуваат информации во врска со настанот, гарантирајќи дека тоа е доверливо и нема да излегува во јавност.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа поврдени. Netpress