Јавната седница во Апелација се одржа на 2 април годинава, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 17.04.2025 година, судот донесе пресуда со која, како што информира, ги одби како неосновани жалбите на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, обвинетиот Дурмиши Белули, како и на тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиовски, Горан Дуковски и Јане Боваровски, а делумно ги уважи жалбите на одговорниот за транспорт во фирмата, обвинетиот Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски.
Апелација делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје. Nezavisen