Денеска (25.05.2025) вo 00.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“ со ул.„Димитрије Чуповски“, кај порта Македонија, патничко возило „ауди а4“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Л.Л.(39) од Македонски Брод, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски столбчиња, канделабра и една тенда од продажен објект, информира МВР.
АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТА ПА СЕ ЗАПАЛИ КАЈ ПОРТА МАКЕДОНИЈА Возач од Македонски Брод повреден во сообраќајка во центарот на Скопје Возачот се здобил со телесни повреди, а по укажаната прва помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани повредите.