СВР Охрид во соработка со општинскиот Совет за превенција на детско престапништво и секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, во изминатите денови заклучно со вчера (02.06.2025), одржа повеќе работилници на тема – „Безбедност и правила за децата во сообраќајот“, наменета за учениците од вторите и третите одделенија од основните училишта: „Св. Наум Охридски”-Пештани со подрачните училишта од Коњско, Елшани и Трпејца, „Живко Чинго”- село Велгошти, „Ванчо Николески” – Лескоец со подрачните училишта од Косел и Куратица и „Кочо Рацин” со подрачното училиште од Лакочереј. Porta